ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА  ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Правни или физички лица кои вршат дејности или активности кои не спаѓаат во проектите за кои, согласно Законот за животна средина и прописите донесени врз основа на овој закон, се спроведува постапка за оцена на влијанието врз животната средина се должни да изготват елаборат за заштита на животната средина со цел да се оцени влијанието на дејностите или активностите врз животната средина.

Надлежен орган за одобрување на елаборат е органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната или надлежните органи на општината, согласно видовите на дејноста или активноста утврдени со прописот.