СИСТЕМ ЗА АНАЛИЗА НА РИЗИЦИ И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСИТЕ ВО КРИТИЧНИ КОНТРОЛНИ ТОЧКИ

 

- ХАЦЦП СИСТЕМ -

 

 

Што е ХАЦЦП систем?

 

ХАЦЦП систем (Hazard Analysis and Critical Control Points) е системска метода, заснована на седум принципи (Codex Alimentarius), со кои се утврдува, оценува и надгледуваат факторите на ризик во производство, преработка и промет на животни намирници.

 

ХАЦЦП систем представува низ последователни активности со кои, врз основа на анализата на ризици и превентивни мерки, се обезбедува производство на здравствено исправни и хигиенски соодветни прехрамбени производи со високо ниво на квалитет.

 

Зошто Ви е потребен ХАЦЦП систем?

 

Стекнување и/или зацврстување на довербата во безбедност на користење на производот, во рок на траење на производот, кај познати и, посебно, кај потенцијални клиенти;

 

Спречување на одстапување на производите во тек на процесот на производство (за разлика од утврдување на одстапување на готовиот производ);

 

Минимизирање на опасности и ризици врзани за безбедност на прехрамбените производи;

 

Алат на менаџментот за заштита на прехрамбените производи од микробиолошка, хемиска или физичка контаминација, во текот на процесот на производство и во текот на ланецот на испорака (во рок на траење на производот);

 

Прописи и законодавно организацио бараат или препорачуваат негова примена;

 

Меѓународно препознатлив пристап;

 

Купувачите го бараат и очекуваат безбедно конзумирање на прехрамбените производи;

 

ХАЦЦП системот овозможува на производителот самодоверба, сигурност и заштита;

 

Може да се проверува (аудит) и верификува;

 

Обезбедува евиденции кои можат да се користат во судски спорови.

 

Како да се воспостави ХАЦЦП систем?

 

Планирајте: Утврдете ги барањата за квалитет (барањата на корисниците) и безбедност (законските прописи) за користење на производот.

 

Направете:

Применете ги 12-те чекори, вклучително 7-те принципи на ХАЦЦП:

    Воспставување на ХАЦЦП тим;

    Детално опишување на производот;

    Идентификување на можната намена на производот;

    Изработка на детален дијаграм на тек на процесот на производство;

    Проверка на дијаграмот на тек на процесот на производство на лице место;

    Формирање листи на сите можни опасности/спроведување на анализа на ризици/дефинирање на контролните мерења Принцип 1;

    Одредување критични контролни точки (ККТ) Принцип 2;

    Воспставување критични граници за секоја критична контролна точка (ККТ) Принцип 3;

    Воспставување на систем за мониторинг за секоја критична контролна точка (ККТ) Принцип 4;

    Воспставување корективни мерки за секо одстапување кое може да се појави Принцип 5;

    Воспоставување на верификациони процедури Принцип 6;

    Дефинирање начини за собирање и чување записи и документација Принцип 7;

 

Мерете и вреднувајте: Пратете и мерете ги процесите и производите, споредете ги со политиката, целите и барањата за производ и анализирајте ги резултатите

 

Делувајте: Преземајте акции за постојано подобрување на перформансите на ХАЦЦП системот.

 

Што можете да очекувате од нас?

 

Да Ви пружиме стручна консултантска помош при воведување на ХАЦЦП системот во Вашето претпријатие.

 

 

Нашите консултантски услуги вклучуваат:

дефинирање на подрачје на примена (производство на производот, од набавка на сировини, помошни материјали и амбалажа до испорака на готови производи) и целта (обезбедување здравствено исправни, хигиенски соодветни и квалитетни производи) на ХАЦЦП системот;

 

управување со развојот и примена на ХАЦЦП системот;

 

координација на работата на ХАЦЦП тимот;

 

утврдување на исполнетоста на барањата на законските прописи, кодекси, правилници, директиви итн;

 

изработка на документи на ХАЦЦП системот со членовите на тимот;

 

за примена на документацијата на ХАЦЦП системот;

 

дефинирање на начините на утврдување на ефективноста на ХАЦЦП системот и известување на највисокото раководство;

 

дефинирање на начините за одржување на записи и целокупната документација на ХАЦЦП системот;

 

Обука за интерни проверки на и преиспитување на ХАЦЦП системот;

 

Подготовка за сертификација на и помош во текот на сертификацијата на ХАЦЦП системот;