СИСТЕМ ЗА МЕНАЏМЕНТ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

BSI 18001:2007 - (OHSAS -Occupational Health and Safety)

 

Што е Систем за менаџмент со безбедност и здравје при работа (OHSAS)?

OHSAS, усогласен со барањата на стандардот OHSAS 18001:2007, е начин на кој Вашето претпријатие јасно покажува дека управува со ризиците кои имаат влијание на здравјето и безбедноста при работа на вработените, лица присатни по договор и.

OHSAS ја вклучува организациската структура, активностите при планирање, одговорностите, праксата, процедурите и ресурсите за развојот, примената, остварувањето, преиспитувањето и одзувањето нс политиката за заштитата и безбедноста при работа во Васето

OHSAS му помага на Вашето претпријатие за стекнување на доверба од заинтересираните странни дека раководството е обврзано да ги исполнува барањата од политиката за заштита на здравјето и безбедноста при работа, дека се преферираат превентивни, а не корективни мерки, дека можете да докажете дека OHSAS се однесува на целата организација, а не само на процесите за кои постојат законски прописи или зони со голем ризик и дека концепцијата на OHSAS го вклучува процесот на постојано подобрување.

Зошто Ви е потребен OHSAS ?

Стекнување на довербата од страна на корисникот/купецот дека постои обврска за управување со заштитата на здравјето и безбедноста при работа која може да се докаже (барање од корисникот, договорот);

Елиминација или сведување на минимум од ризикот за вработените или други заинтересирани страни;

Овозможување сигурен и доверлив дијалог со законодавецот и инспекциските служби;

Создавање на доверие и градење на имиџ на организација преку достапност на информации и отворен дијалог со вработените и во текот на вработување на новите работници;

Овозможување на итегрираниот пристап за различни системи за менаџмент (компатибилен е со ИСО 9001:2008 и ИСО 14001:2004) ;

Демонстрирање на професионални гаранции кои овозможуваат склучување на осигурувања под поволни услови и подносливи трошоци и зголемување на угледот и уделот на пазарат (особено странскиот);

Исполнување на критериумите за сертификација;

         Подобрување на управување со трошковите;

                     Намалување на бројот на незгодите и повредите при работа;

                     Приказ на професионалност во реакциите на притисоците од акционери, вработени или општествената заедница;

Како да се воспостави OHSAS 18001?

Планирајте: Утврдете ја својата политика за безбедност и здравје при работа и обврските во својот OH&S и изработете го планот за нивно остварување;

Направете: Обезбедете услови и помошни механизми потребни за остварување на својата политика за безбедност и здравје при работа, општи и посебни цели, со примена на соодветни документи од ИСО 9001:2008 и ИСО 14001:2004;

Мерете и вреднувајте: Пратете, мерете и вреднувајте ги резултатите за елиминација или намалување на ризици за безбедноста и здравјето на вработените и останатите заинтересирани страни;

Делувајте: Преиспитувајте и постајано подобрувајте го својот систем за безбедност и здравје при работа а заради подобрување на вкупниот допринос кон своите вработени.

Што можете да очекувате од нас?

Да Ви пружиме стручна консултантска помош при воведување на OHSAS во Вашето претпријатие;

Идентификација на опасности, оценување и управување со ризиците, утврдување на законси и други барања кои се однесуваат на Васето претпријатие, изработка на програмата за управување со заштитата на здравјето и безбедноста при;

Нашите консултантски услуги вклучуваат:

Изработка на документацијата на OHSAS (независно или интегрирано со документацијата на системот за менаџмент со квалитетот и системот за управување со животната средина);

Издавање на документацијата на OHSAS за употреба;

Обука на сите вработени во претпријатието за примена на документацијата на OHSAS;

Обука за интерни проверки на OHSAS (независно или интегрирано со QMS);

Интерни проверки на OHSAS;

Подготовка за сертификација на OHSAS 18001:2007 и присуство во тек на сертификација.