Безбедност при работа

МАККОНТРОЛ ДОО - Скопје, врз основа на член 45 став 1 од Законот за безбедност и здравје при работа (Сл. весник на РМ бр. 92/07) и Правилникот за условите за вработените, организациите, техничките и другите услови кои треба да ги исполни правното или физичкото лице за вршење на стручни работи (Сл. весник на РМ бр. 37/08), е овластено од страна на Министерство за труд и социјална политика за вршење на следните стручни работи:

  • Проценка на ризик (овл. број 72),
  • Концепт на изјава за безбедност (овл. број 73),
  • Изработка и спроведување на програми за обука на вработени за безбедно извршување на работата (овл. број 74),
  • Периодични мерења на хемиски и физички штетности и микроклиматски услови(овл. број 75),
  • Редовно тестирање и контрола на опрема за работа (овл. број 88).