МАККОНТРОЛ ДОО - Скопје, врз основа на член 45 став 1 од Законот за безбедност и здравје при работа (Сл. весник на РМ бр. 92/07) и Правилникот за условите за вработените, организациите, техничките и другите услови кои треба да ги исполни правното или физичкото лице за вршење на стручни работи (Сл. весник на РМ бр. 37/08), е овластено од страна на Министерство за труд и социјална политика за вршење на следните стручни работи:
- Проценка на ризик (Овластување бр. 72),
- Концепт на изјава за безбедност (Овластување бр. 73),
- Изработка и спроведување на програми за обука на вработени за безбедно извршување на работата (Овластување бр. 74),
- Периодични мерења на хемиски и физички штетности и микроклиматски услови (Овластување бр. 75),
- Редовно тестирање и контрола на опрема за работа (Овластување бр. 88).