Што е Систем за Менаџмент со Квалитетот (QMS)?
QMS, усогласен со барањата на стандардот ISO 9001:2015 и е начин на кој Вашата организација ги управува и контролираа деловните активности кои се однесуваат на квалитет.
QMS ја содржи организациската структура на Вашата организација вклучително планирање, процесите, ресурсите и документацијата која ја користите за остварување на целите за квалитет за подобрување на вашите производи/услуги и исполнување на барањата на вашите клиенти.
Зашто Ви е потребен QMS?
- Стекнување и/или зацврстување на деловната доверба кај познати и особено кај потенцијални клиенти;
- Подобрување на деловните способности и продуктивноста;
- Поголема насоченост на остварување на деловните цели и очекувања на клиентите;
- Постигнување и одржување стабилно ниво на квалитетот на производот/услугата заради задоволување на барањата и искажани потреби од клиентите;
- Зголемување на задоволство на клиентите;
- Потврдување дека саканото ниво на квалитет е постигнат и дека се одржува;
- Создавање можности за освојување на нови пазари и зголемување на уделот на постоечкиот пазар;
- Добивање на сертификат ISO 9001 од страна на акредитирано сертификациско тело, по Ваш избор;
- Можност за учество и наддавање на лицитации;
- QMS (ISO 9001) е применет во повеќе од 540.000 организации во 160 земји во светот.
Како да се воспостави QMS?
- Планирајте: Утврдете цели и воспоставете процеси потребни за добивање резултати, согласно со барањата на клиентите и политиката на претпријатието;
- Направете: Применете ги процесите;
- Мерете и вреднувајте: Следете и мерите ги процесите и производот/услугата, споредувајќи ги со политиката, целите и барањата за производите/услугите и известувајте за резултатите;
- Делувајте: Преземајте акции за постојано подобрување на перформансите на процесите.
Што можете да очекувате од нас?
Да Ви пружиме стручна консултантска помош при воведување на QMS во Вашето претпријатие.
Нашите консултантски услуги вклучуваат:
- Утврдување на активности кои е неопходно да се држат под контрола во рамките на системот за менаџмент со квалитет;
- Изработка на документацијата на системот за менаџмент со квалитет;
- Издавање на документацијата на системот за менаџмент со квалитет за употреба;
- Обука на сите вработехни во претпријатието за примена на документацијата на QMS;
- Обука за интерни проверки на QMS;
- Интерни проверки на QMS;
- Подготовка за сертификација на ISO 9001:2015 и присуство во тек на сертификација.