Што е Систем за менаџмент со безбедност и здравје при работа (OHSMS)?
OHSMS, усогласен со барањата на стандардот ISO 45001:2018, е начин на кој Вашето претпријатие јасно покажува дека управува со ризиците кои имаат влијание на здравјето и безбедноста при работа на вработените, лица присатни по договори.
OHSMS ја вклучува организациската структура, активностите при планирање, одговорностите, праксата, процедурите и ресурсите за развојот, примената, остварувањето, преиспитувањето и одзувањето нс политиката за заштитата и безбедноста при работа во Вашето претпријатие.
OHSMS му помага на Вашето претпријатие за стекнување на доверба од заинтересираните странни дека раководството е обврзано да ги исполнува барањата од политиката за заштита на здравјето и безбедноста при работа, дека се преферираат превентивни, а не корективни мерки, дека можете да докажете дека OHSMS се однесува на целата организација, а не само на процесите за кои постојат законски прописи или зони со голем ризик и дека концепцијата на OHSMS го вклучува процесот на постојано подобрување.
Зошто Ви е потребен OHSMS?
- Стекнување на довербата од страна на корисникот/купецот дека постои обврска за управување со заштитата на здравјето и безбедноста при работа која може да се докаже (барање од корисникот, договорот);
- Елиминација или сведување на минимум од ризикот за вработените или други заинтересирани страни;
- Овозможување сигурен и доверлив дијалог со законодавецот и инспекциските служби;
- Создавање на доверие и градење на имиџ на организација преку достапност на информации и отворен дијалог со вработените и во текот на вработување на новите работници;
- Овозможување на итегрираниот пристап за различни системи за менаџмент (компатибилен е со ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015);
- Демонстрирање на професионални гаранции кои овозможуваат склучување на осигурувања под поволни услови и подносливи трошоци и зголемување на угледот и уделот на пазарат (особено странскиот);
- Исполнување на критериумите за сертификација;
- Подобрување на управување со трошковите;
- Намалување на бројот на незгодите и повредите при работа;
- Приказ на професионалност во реакциите на притисоците од акционери, вработени или општествената заедница;
Како да се воспостави OHSMS?
Планирајте:Утврдете ја својата политика за безбедност и здравје при работа и обврските во својот OHSMS и изработете го планот за нивно остварување;
Направете: Обезбедете услови и помошни механизми потребни за остварување на својата политика за безбедност и здравје при работа, општи и посебни цели, со примена на соодветни документи од ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015;
Мерете и вреднувајте: Пратете, мерете и вреднувајте ги резултатите за елиминација или намалување на ризици за безбедноста и здравјето на вработените и останатите заинтересирани страни;
Делувајте: Преиспитувајте и постајано подобрувајте го својот систем за безбедност и здравје при работа а заради подобрување на вкупниот допринос кон своите вработени.
Што можете да очекувате од нас?
Да Ви пружиме стручна консултантска помош при воведување на OHSMS во Вашето претпријатие;
- Идентификација на опасности, оценување и управување со ризиците, утврдување на законси и други барања кои се однесуваат на Васето претпријатие, изработка на програмата за управување со заштитата на здравјето и безбедноста при;
Нашите консултантски услуги вклучуваат:
- Изработка на документацијата на OHSMS (независно или интегрирано со документацијата на системот за менаџмент со квалитетот и системот за управување со животната средина);
- Издавање на документацијата на OHSMS за употреба;
- Обука на сите вработени во претпријатието за примена на документацијата на OHSMS;
- Обука за интерни проверки на OHSMS (независно или интегрирано со QMS);
- Интерни проверки на OHSMS;
- Подготовка за сертификација на OHSMS според барањата на стандардот ISO 45001:2018 и присуство во тек на сертификација.